Изминатиот период најголеми постигнувања во здравствениот систем се направени во пристапот до лекови, Итната медицинска помош и ургентната медицина, во зачеток се суштинските работи во регионализацијата. Треба многу повеќе да направиме во радиодијагностиката, онкологијата, ...
Има отпор на Клиниката за онкологија и на дел од клиничките болници каде што треба да се децентрализира терапијата, меѓутоа, работиме со раководство во тие установи тоа да биде решено час поскоро, рече министерот за здравство Сашо Клековски.
Поголема достапност на лекови, реформа на итната помош, обнова на болниците и дигитално здравство се дел од проектите за кои денеска на прес-конференција зборуваше министерот за здравство, Сашо Клековски. Министерот информираше дека новата есенцијална листа опфаќа 392 лека, од ...