Поради војната со Иран, богатите елити сè повеќе и речиси незабележливо префрлаат капитал од Дубаи во Сингапур и Швајцарија. Прашањето е колку е отпорен емиратот и дали може да го задржи својот углед како финансиски рај.
Пополнетоста на хотелите е драстично намалена, а авиосообраќајот бележи голем пад. Аналитичарите предупредуваат дека геополитичката нестабилност и конфликтите во регионот дополнително ја намалуваат довербата кај туристите и инвеститорите.
Луксузот, сјајот и чувството на апсолутна сигурност – сето тоа со години беше заштитен знак на Дубаи и Абу Даби . Но зад затворените врати, нешто сериозно почнува да се менува. Во последно време, сигналите стануваат сè поочигледни.