Русија денес објави дека украинските војници во нападнатите градови Покровск и Купјанск се опколени, дека руските сили ги спречуваат да се повлечат и дека треба да се предадат или немаат шанси за преживување.
Руските трупи го зазедоа поголемиот дел од Покровск, еден од последните големи градови во регионот Донецк, и напредуваат кон целосно опкружување на украинските единици таму, изјавија извори во украинските вооружени сили (УАС) за „Билд“.
Украинската агенција за одбранбено разузнавање објави дека во тек е специјална операција во градот Покровск во областа Донецк. Специјалните сили се обидуваат да ги спречат руските обиди да ја прошират својата огнена предност преку логистичките рути.