Денеска во рамките од главната фаза на Европското првенство, ракометарите на Франција со 46:38 триумфираа против Португалија. Двете репрезентации го одиграа најефикасниот натпревар во историјата на европските ракометни шампионати.
Данска запиша уште една важна победа во битката за место во полуфиналето на ЕП 2026. Избраниците на Николај Јакобсен во преполната „Јиске Банк Боксен“ Арена ја победија Шпанија со 36:31 и речиси ја оптишаа во битката за медал на Европското првенство.
Групата I од главната рунда на ЕХФ ЕУРО 2026 е подготвена пред втората рунда. Германија е на врвот на групата со четири бода, додека Франција, Данска, Португалија и Норвешка имаат по два бода, Шпанија е шеста со нула бодови.
Ракометарите на Данска ја постигнаа првата победа во главната фаза совладувајќи ја вечерва Франција со 32:29. Ова беше последниот натпревар од првото коло од групата 1. На првите два дуела: Германија – Португалија 32:30 и Шпанија – Норвешка 34:35.