Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања кон обвинителите Катерина Коларевиќ и Ислам Абази, тврдејќи дека тие дејствувале во интерес на поранешната власт на СДСМ и ДУИ.
Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинија дека стопирањето на постапката за случајот „Мазут“, поврзан со набавка вредна 167 милиони евра за ТЕЦ Неготино, повторно ги покажало, како што велат, врските на СДСМ и ДУИ со судско-обвинителскиот систем.
Тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката, обвини Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДС ...
iNFOMAX - Слободен Печат - Пулс24 - Либертас - +инфо - 24Инфо