На локацијата Јазова Чука, каде жителите на село Драмче го слават празникот Покров на Пресвета Богородица, фолклорната група одржа концерт за да го означи почетокот на јубилејната прослава.
„Почитувани соборјани, почитувани почитувачи, нека ни е за многу години. По втор пат сме овде и по втор пат почнуваме од ова место како носители на Светското културно наследство од влегувањето на орото во УНЕСКО.
Фолклорната група Копачка од село Драмче, Делчево ги започна активностите за одбележување на десетгодишниот јубилеј од впишувањето на традиционалното оро Копачка на Репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на УНЕСКО.