Денес е 81-та годишнина од бомбардирањето на јапонскиот град Хирошима. Како резултат на атомската бомба, се проценува дека починале над 200.000 луѓе, од кои дел загинале веднаш, но останатите умирале во агонија поради радијацијата.
Хирошима – Хирошима денеска ја одбележа 81-годишнината од американското атомско бомбардирање со повик до светските лидери да работат на целосно укинување на нуклеарното оружје, предупредувајќи дека растечките меѓународни тензии го зголемуваат ризикот од нова нуклеарна катастрофа.
Утрото на 6 август 1945 година во Хирошима започнува ведро и топло. Луѓето одат на работа, учениците се собираат за своите дневни обврски, продавниците се отвораат, а трамваите се движат низ градот. Војната трае речиси шест години, но Хирошима дотогаш е поштедена од масовните ...