Вкрстено испрашување на вештите лица кои го подготвија градежното вештачење од страна на одбрана за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Вештите лица посочија дека утврдиле дека во внатрешноста на објектот, бил истакнат само еден план за евакуација.
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстено испрашување од ...
Пренамената, реорганизацијата на просторот, промените на електричната, водоводната и на канализациската инсталација и вградувањето несоодветни материјали непосредно влијаеле врз исполнување на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“ – истакна вештакот и професор ...
Главната влезно-излезна врата не била противпожарна, туку обична, без паник-рачка. без систем за кочење во отворена положба и без огноотпорност на материјалот, сведочеше вештакот Викторија Будимовска Секуловска.