Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи материи кои се важни за растенијата, па може да ви биде од огромна корист. Ако имате и само две-три растенија во домот, треба да знаете како да се грижите за нив.
Експертите од британската компанија Which? советуваат никогаш да не го истурате талогот во одводот на мијалникот откако ќе испиете кафе, не поради можна блокада, туку поради сигурната појава на непријатни мириси.