Голем поздрав и воодушевување доби постапката на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Имено, Роџер, 2,5-годишен „чоколаден“ лабрадор кој е веќе дел од клиниката веќе ги собра сите симпатии.
“Чоколадниот“ лабрадор на возраст од 2,5 години е нов член на тимот на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија, информираа од таму. Тој е вдомен на Клиниката неодамна и брзо се прилагодил на персоналот и пациентите и станал омилен “колега„.
ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во Скопје воведе иновативен пристап во лекувањето на пациентите преку вклучување на животни во терапевтскиот процес, како дел од современите психосоцијални методи на поддршка.