Ова е атмосферата во Тетовска Бања денес, на Денот на трудот – 1 Мај. Граѓаните на Тетово го користат овој ден за да го поминат со своите семејства во природа, додека во Бањата можат да ја најдат свежината на реката Пена, но и минералната вода.
Граѓаните кои останаа во Скопје, денеска традиционално го одбележуваат Први мај со излет во Градскиот парк, каде уште од претпладневните часови може да се забележи голема раздвиженост и многубројни посетители.
Скопјани традиционално го одбележаа 1 Мај со излет во Градскиот парк, кој уште од утринските часови беше исполнет со посетители. Големи групи граѓани уживаа на отворено, носејќи ќебенца и столчиња.
Пред одбележувањето на Меѓународниот празник на трудот, на социјалните мрежи повторно се појавија фотографии и видеа од прославите на 1 Мај во поранешна Југославија, во времето на Јосип Броз Тито.
Иако 1-ви мај е Меѓународен ден на трудот и важен празник за работниците низ светот, во балкански услови, вклучително и во Македонија, овој ден како повеќе да се празнува како „ден за пикник“ или „ден за скара“.
На социјалните мрежи повторно се актуелизираа видеа и фотографии од прославите на 1 Мај во поранешна Југославија, кои разбудија носталгија кај многумина. На фејсбук-страницата „Носталгија“, која има илјадници следбеници, беше објавено видео од ...