Украински беспилотни летала погодија големо воено складиште во град длабоко во Русија, предизвикувајќи огромен пожар и принудувајќи некои жители да се евакуираат, соопштија во средата украински официјален претставник и руските вести.
Голем украински напад со дронови предизвика експлозија налик на земјотрес во складиште за оружје во рускиот регион Твер, објавија руски воени блогери, при што била наредена делумна евакуација на соседниот град Торопец.
Големината на главната експлозија прикажана на снимките од социјални мрежи може да е соодветна на искористени 200 до 240 тони силен експлозив, смета Џорџ Вилијам Херберт од Институтот за меѓународни студии Мидлбери во Монтереј во Калифорнија.
Скопје1 - Слободен Печат - Независен - 24Инфо - Нова ТВ - Локално
Руската војска синоќа уништи 54 украински беспилотни летала, а локалните власти соопштија дека во нападите се ранети најмалку четири лица. Фото: ЕПА Половина од уништените беспилотни летала биле над територијата на Курск, место на големата украинска ...
Руската војска ноќеска уништи 54 украински беспилотни летала, при што локалните власти соопштија дека најмалку четири лица се повредени во нападите. Половината од уништените дронови биле над територијата на Курск, каде што се води голема украинска ...