Претставата за најмалите „Здраво детство“ во Охрид
Во Центарот за култура во Охрид вечерва во 18 часот ќе биде изведена детската претстава „Здраво детство“. Интерактивната претстава ги учи децата за другарството, здравата исхрана и грижата за домашните миленици.