Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, е меѓународен криминалец и не треба да биде во Унгарија, изјави унгарскиот лидер на партијата Тиса, Петер Маѓар, по убедливата победа против Виктор Орбан.
Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност.
СДСМ реагираше по изборните резултати во Унгарија, оценувајќи дека поразот на Виктор Орбан и победата на опозициската Тиса, предводена од Петер Маѓар, претставуваат пресврт што ќе има последици и за македонската политичка сцена.
СДСМ попладнево ја поздрави јасната и недвосмислена порака на Петер Маѓар од денешната прес-конференција. „Новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште за луѓето кои бегаат од правдата.