TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Иванов нема да го потпише договорот за името со Грција

Deutsche Welle - 13.06.2018

Според македонскиот претседател договорот меѓу премиерите Заев и Ципрас е штетен за земјата и значи напуштање на изградените суштински државни позиции: неменување на Уставот и неприфаќање на име за севкупна употреба.

Ексклузивно: Договорот меѓу Заев и Ципрас на дваесет страници

Република - 13.06.2018

Премиерот Зоран Заев тврди дека е државна тајна меѓународниот договор со Грција за името, а грчките медиуми го објавија во целост договорот. Во продолжение погледнете го договорот меѓу Заев и Ципрас напишан на 20 страници.

Што крие Заев: За македонската јавност сокриен договорот како класифициран документ, а грчката јавност го доби на увид

Курир - 13.06.2018

Што крие Заев? прашува македонската јавност откако во грчките медиуми се појави договорот за промена на името. За македонската јавност договорот е сокриен како класифициран документ, а грчката јавност го доби на увид.

Владата и Претседателот на различни линии за Северна Македонија

Глас на Америка - 13.06.2018

Напната политичка атмосфера во земјата по обелоденувањето на намерите на владата за договорот со Грција. Премиерот и шефот на дипломатијата дојдоа кај претседателот Иванов за само по неколку минути да си заминат.

Бачев: Ниту ќе дојде до промена на името ниту Македонија ќе стане членка на НАТО

Макфакс - 13.06.2018

Единствена Македонија одржа прес-конференција, за како што беше речено, приватната забава на Заев и Ципрас за некаков договор за промена на името. На прес-конференцијата, претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, изјави дека марионетската ...

Хронологија на следните дипломатски чекори по вчерашниот договор

А1 On - 13.06.2018

До крајот на 2018, предвидено е да завршат сите дипломатски активности од македонска страна, но и ратификацијата на договорот од Собранието кај нас и Парламентот во Грција. Но претходно, потребно е да се направат конкретни чекори и обврски.

И граѓаните поделени за договорот на Македонија со Грција

Канал5 - 13.06.2018

Името Република Северна Македонија направи дебата помеѓу граѓаните, дали требало да има промена, додавка или името да не се менува. На двајцата пријатели кои одмараа на плоштадот Македонија не им е јасно зошто токму Северна и која е јужна Македонија.

Одисеја за името Македонија: Вести кои ни требаат

Нова ТВ - 13.06.2018

Пишува Димитар Бечев Балканските народи сакаат меѓусебно да се расправаат. Без разлика дали се работи за несогласувања од минатото или борби од сегашноста, постојат многу работи кои можат да ги скараат тамошните соседи.

Северна, ти калеша неверна

Deutsche Welle - 13.06.2018

Во основа, компромисот од двете страни изгледа јасен и едноставен: ние добиваме идентитет, а даваме опсег (каде се вклучени и уставните промени). Грција добива erga omnes, а признава дека постои македонски идентитет...

Собранието не може да изврши ратификација на противуставен договор

Република - 13.06.2018

Договорот со Република Грција, склучен шверцерски и подмолно по телефон, кој денес еуфорично го обзнани Зоран Заев како „огромен успех“ е срамна капитулација и велепредавство. Toj таканаречен договор е противуставен и незаконит и таков договор не ...

Жестоки реакции на социјалните мрежи по договорот за промена на името меѓу Заев и Ципрас

Курир - 13.06.2018

Решението за спорот со името со Република Грција кои преку телефон го договорија премиерите на двете држави, Зоран Заев и Алексис Ципрас предизвика жестоки реакции во јавноста, особено на социјалните мрежи.

„Заев има причина да триумфира“: Зачуван македонскиот идентитет

Deutsche Welle - 13.06.2018

Заштитата на македонските идентитетски прашања создадоа нервоза кај грчката опозиција, а дел од медиумите нотираат дека во оваа клучна сфера „Скопје извојувало победа“. Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ...

МД „Илинден” е против промената на името

Стандард - 13.06.2018

Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана и огранок за Голо Брдо, преку соопштение, најостро се спротивставува на потпишување договор со Грција за промена на името на Република Македонија и идентитетот на македонската нација.

Македонците малцинства колатерална штета: За само една година Заев се откажа од Егејските Македонците и од Македонците ...

Курир - 13.06.2018

Премиерот на Република Македонија вчера ја информираше јавноста дека Република Македонија и Република Грција постигнале договор околу новото име на нашата држава, договорено е името Република Северна Македонија да биде за севкупна употреба, т.е.

Заев и Димитров ќе го информираат претседателот за договорот со Грција

Макфакс - 13.06.2018

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во 10 часот ќе го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција за спорот што оваа земја го има со уставното име на Македонија.

Од референдум за самостојност до референдум за името

Независен - 13.06.2018

Кога на 8 септември 1991 година Македонија прогласи независност по одржаниот референдум, ретко кој можеше да предвиди дека ќе чека цели 27 години за да добие име признаено од јужниот сосед и од целокупната меѓународна заедница.

Чешка, Словачка и Полска: Решен четвртвековниот спор меѓу Грција и Македонија

Слободен Печат - 13.06.2018

Прага – Угледниот чешки дневен весник ,,Лидове новини” во своето утринско издание денеска ја објавува веста на агенцијата ЧТК под наслов: ,,Спорот решен? Северна Македонија”. Во веста се вели дека ,,Грција и Македонија се договорија да го окончаат ...

Денеска Заев и Димитров ќе го информираат Иванов за договорот со Ципрас

Локално - 13.06.2018

Јасно противење со договорот изразија само опозиционерите, и Иванов кои се креатори за „античкото македонство“ и кочничари на досегашните преговори. Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во 10 часот ќе го ...

Кога името Северна Македонија ќе се употребува внатре во државата

еМагазин - 13.06.2018

Како што информираше премиерот Зоран Заев, новото име Република Северна Македонија ќе почне да се употребува на меѓународен план откако договорот со Република Грција ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји.

Македонија на референдум ќе гласа за името Република Северна Македонија

Сакам да кажам - 13.06.2018

Република Северна Македонија е заемно прифатливото решение за спорот за името, на коешто по 27 години преговори се согласија Скопје и Атина, објави премиерот Зоран Заев на вчерашната прес-конференција.

Се за денешниот договор за името – што кажаа Заев и Ципрас, какви беа реакциите во двете земји и низ светот

Либертас - 12.06.2018

Хронологија на денешното објавување на договореното со Грција 18:00 – Грчкиот премиер Алексис Ципрас објави дека Атина и Скопје постигнале историски договор за решавање на дводеценискиот спор околу името.

Скопје и Атина се договорија за Република Северна Македонија

Нова ТВ - 12.06.2018

Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба, а ќе се регулира со амандман во Уставот, потврда на македонскиот јазик во ОН, македонски/macedonian, без фусноти, граѓани на Република Северна Македонија/ citizens of ...

Бачев: Името на една држава е прашање на внатрешната надлежност на секоја држава, а не на меѓународното право

Фокус - 12.06.2018

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев смета дека на меѓународен план постои основна претпоставка дека надворешната политика на државите ја водат стручно и политички висококфалификувани луѓе, но вели, за Македонија не е така, бидејќи ...

Од догодина со ново име – Република Северна Македонија за севкупна употреба

Телма - 12.06.2018

Од Нова Година, ако се оди по планот на премиерите Заев и Ципрас, ќе се преименуваме во Република Северна Македонија. Тоа е дефинитивното име што стои во договорот, финализиран со нивниот телефонски разговор доцна попладнево.

Заев: Решението е Република Северна Македонија

Deutsche Welle - 12.06.2018

Македонскиот премиер Зоран Заев попладнево на прес-конференција сопшти дека е постигнато решение за името. Тој ги повика на граѓаните на референдум наесен да ја „зграпчат шансата“. Името за кое е постигнат договор е Република Северна Македонија (на ...

Името е Република Северна Македонија

Р.С.Европа - 12.06.2018

“Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во Обединетите нации, македонски, Macedonian, без фусноти, националноста е македонска/ граѓани на Република Северна Македонија” рече Заев.

Што содржи спогодбата меѓу Грција и Македонија?

Нова ТВ - 12.06.2018

Се укажува на тоа дека премиерите на Грција и Македонија се договориле за „Република Северна Македонија“ на македонски, да биде новиот назив на Македонија, озваничен со Уставот, а се оечкува и низа други поединости во спогодбата која Алексис Ципрас ...

Република Северна Македонија дома ќе се употребува по отворање на секое поглавје од преговорите за членство во ЕУ

Сакам да кажам - 12.06.2018

Новото име Република Северна Македонија ќе почне да се употребува на меѓународен план откако договорот со Република Грција ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји. На внатрешен план новото име на земјата ќе се употребува по отворање на ...

Заев и Ципрас го потврдија договорот – Македонија ќе го менува Уставот

Сител - 12.06.2018

Република Северна Македонија за дома и надвор- ова е решението за кое се спогодиле Заев и Ципрас. Спорот за името со овој договор е решен, соопшти Заев на прес конференција оценувајќи дека се работи за историско и вековно решение.

Заев: Република Северна Македонија е име, предвидено за севкупна употреба

24 Вести - 12.06.2018

На дешната прес конференција, премиерот Заев ги информираше граѓаните за договорот со Ципрас. Потенцираше дека ссо договорот се потврдува македонскиот идентитет и гаранцијата за просперитетна иднина на државата.

Српски медиуми: Скопје и Атина постигнаа договор, новото име е Северна Македонија

Курир - 12.06.2018

Вест која може да го носи епитетот историска – Скопје и Атина постигнаа договор за новото име на Македонија. Вака вечерва беше најавена веста за постигнатиот договор меѓу Скопје и Атина на една од најгледаните и највлијателни телевизии во Србија, ТВ ...

Република Северна Македонија е исходот од договорот Заев-Ципрас

Н.Македонија - 12.06.2018

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција истакна дека е постигнат историски договор со Грција и е постигнато решение на 25-годишниот спор со Грција. Република Северна Македонија е решението, новото име за севкупна употреба кое ќе се прецизира со ...

Заев: Постигнавме договор – Република Северна Македонија, со македонски јазик и македонски идентитет

Локално - 12.06.2018

Република Северна Македонија за севкупна употреба, што ќе се прецизира со амандман во Уставот е договорот, што го постигнаа Македонија и Грција во процесот на преговорите за решавање на спорот за името.

Заев за отстапките на Грција: Ги прифатија македонскиот јазик и идентитет

Press24 - 12.06.2018

Зоран Заев денеска на новинарско прашање одговори дека во четврток веќе ќе биде доставен договорот за името, а утре е побарана средба со претседателот на државата. Референдумот е планиран на есен, а ако биде успешен потоа ќе се ратификува договорот.

Заев: Договореното име Република Северна Македонија преведено на сите јазици

Канал5 - 12.06.2018

Република Северна Македонија за севкупна употреба, што ќе се прецизира со амандман во Уставот е договорот, што го постигнаа Македонија и Грција во процесот на преговорите за решавање на спорот за името.

И би Северна Македонија!

Слободен Печат - 12.06.2018

Пишува: Мартин Богатиноски „Република Северна Македонија“ најверојатно е името за кое завчера телефонски се договориле премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, објавија грчките медиуми и посочија дека договорот ќе биде ...

Северна Македонија со македонски јазик и идентитет - од словенско потекло, Заев за новото име ќе испрати писма до 190 ...

МКД - 12.06.2018

Договорот имал 20 страници и речиси сите детали биле веќе договорени, пишуваат денеска грчките медиуми пред, за денеска закажаниот нов телефонски разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Се огласи премиерот Зоран Заев предмалку на “фејсбук” со моќна порака до Македонскиот народ

Sky - 12.06.2018

Интегрално го пренесуваме фејсбук статусот на премиерот Зоран Заев, откако беше објавен историскиот договор меѓу Македонија и Грција: ДА, ЗА МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА! Почитувани мои сограѓани, ИМАМЕ ИСТОРИСКО, ВЕКОВНО РЕШЕНИЕ.

Договорот за името следната седмица во парламент, утре средба Димитров - Иванов

Независен - 12.06.2018

Договорот за надминување на спорот за името што го постигнале премиерите на Македонија и на Грција се очекува веќе следната седница да се најде на дневен ред во парламентот. Пратениците треба да се изјаснат за ратификација на договорот меѓу владите ...

Заев: Грција го прифати македонскиот идентитет

Фактор - 12.06.2018

Премиерот Зоран Заев изјави на прес-конференија попладнево дека на есен ќе има референдум и дека граѓаните ќе треба да изберат иднина. Грција вели го прифати македонскиот идентитет. Заев вели дека со договорот со Грција ќе се отворат НАТО и ЕУ ...

„Република Северна Македонија“, македонски јазик и македонски идентитет, за севкупна употреба

Глас на Америка - 12.06.2018

Грчките медиуми утрово објавија дека договорот е постигнат меѓу премиерите Заев и Ципрас и треба да се официјализира по телефонскиот разговор во текот на денот. Потпишувањето на договорот би требало да се случи викендов во Преспа „Република Северна ...

Финиширање на преговорите?

24 Вести - 12.06.2018

Во секој момент се очекува премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, телефонски да го финишираат историскиот договор за спорот со името. Иако ниту Скопје ниту Атина, не ги откриваат деталите по вчерашниот 60 минутен прв ...

Република Северна Македонија со македонски јазик и македонски идентитет

Deutsche Welle - 12.06.2018

Повеќе грчки медиуми претпладнево го објавија речиси комплетниот договор кој наводно го постигнале премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. Во него во детаљи се дефинираат договорените измени и следните чекори Република Северна Македонија (Republic ...

Ова се етапите по евентуално постигнување на договор со Грција

Алсат-М - 12.06.2018

Во продолжение на текстот од основата на договорот , што се очекува да биде потпишан во Преспа до крајот на неделава, до кој дојде Алсат од грчки и меѓународни медиумиски претставници во Атина, наведени се и следните етапи: – Договорот да помине во ...

Ова е договорот што ќе го потпишат Заев и Ципрас?

+инфо - 12.06.2018

Во договорот кој ќе го потпишат македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе стои дека договореното име за „ерга омнес“ е Република Северна Македонија со превод на англиски (Republic of North Macedonia).

И европските лидери се подготвуваат за договорот за името, Меркел информирана за напредокот

МКД - 12.06.2018

Во очекување на денешниот телефонски разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, на кој ќе се знае дефинитивно дали има договор, грчкиот амбасадор во Брисел, според извори на МКД.мк утринава информирал свои колеги дека договор ќе се ...

(Видео) Заев се надева дека денеска ќе има договор по разговорот со Ципрас

Макфакс - 12.06.2018

Премиерот Зоран Заев се надева дека денеска ќе биде постигнат договор за спорот за името по телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Заев не сакаше да потврди дали Република Северна Македонија ќе биде новото име повторувајќи ги ...

Заев - името е Република Северна Македонија

Р.С.Европа - 12.06.2018

Република Северна Македонија за севкупна употреба, кое ќе се прецизира со амандман во уставот. Јазикот ќе биде македонски или на англиски Macedonian без фуснота, националноста македонска/граѓани на Република Северна Македонија или на англиски ...

Сите го чекаат историскиот договор меѓу Атина и Скопје

Deutsche Welle - 12.06.2018

„Република Северна Македонија“ со превод на англиски, опсег на употреба ерга омнес, „македонски“ јазик со превод на англиски јазик, се дел од договорот, тврдат грчки медиуми Телефонскиот разговор што денеска претпладне треба да се реализира меѓу ...

Заев: Сѐ уште нема договор, се надевам дека денеска ќе има

+инфо - 12.06.2018

Денеска имаме суштински разговор за конечно решавање на ова прашање. Ако се договориме тоа ќе се соопшти од двете страни во исто време, рече Заев. Сѐ уште нема договор, се надевам дека денеска ќе се договориме со премиерот Алексис Ципрас, изјави ...