Новата влада во Софија, предводена од Румен Радев, најави дека нема да продолжи со испраќање оружје за Киев, иако Бугарија останува членка на ЕУ и НАТО и има безбедносен договор со Украина.
Новиот бугарски министер за одбрана Димитар Стојанов оцени дека војната во Украина не може да се реши на бојното поле и порача дека Софија повеќе нема да испорачува оружје, туку поддржува дипломатско решение на конфликтот.
Новата бугарска влада, предводена од премиерот Румен Радев, нема планови да продолжи да испраќа воена помош во Украина, објави бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов. „Време е да седнеме на преговарачка маса.