Во оваа прилика издвојуваме две кратки, но крајно симпатични и впечатливи инди игри кои никако не би требало да ги заобиколите, особено доколку сте фанови на уникатни искуства кои ги заобиколуваат стандардните гејминг норми.
Lucy Dreaming е шармантен, интелигентен и изразито британски наслов кој успешно ги комбинира комедијата, мистеријата и истражувањето на човечката психа, целосно вовлекувајќи ве во златната ера на „point & click“ авантурите.