Летниот преоден рок е затворен, но и понатаму има голем број квалитетни фудбалери кои се без клуб и можат да потпишат како слободни играчи. Ова се дел од најголемите имиња кои моментално се без договор и се достапни без обештетување.
Преодниот рок во најсилните европски лиги заврши. Клубовите потрошија стотици милиони евра, а бројни гиганти низ Европа ги комплетираа своите состави. Сепак, на пазарот останува нешто што е тешко да се поверува.