TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Хамас отворен за повеќегодишно примирје со Израел, но не и за разоружување

ТВ21 - 26.04.2025

Хамас е подготвен да разгледа повеќегодишен прекин на огнот со Израел во Газа, но нема да го положи оружјето, изјави висок функционер на Хамас, додека лидерите на палестинската милитантна група водеа разговори со медијатори во Каиро за прекин на ...

Убиени 10 лица, половина од нив деца во израелскиот напад на Газа

Макфакс - 26.04.2025

Најмалку 10 лица, меѓу кои три жени и пет деца, загинаа утрово во израелски воздушен напад врз трикатна зграда во западниот дел на градот Газа. Болницата Шифа, која ги прими телата, потврди дека половина од жртвите се деца.

Хамас е подготвен да ги ослободи сите заложници во замена за петгодишно примирје

Вечер Прес - 26.04.2025

Неименуван претставник на палестинската милитантна група Хамас изјави денес во Каиро дека неговата организација е подготвена за договор со Израел што вклучува ослободување на сите заложници и петгодишно примирје, објавија француските медиуми.

Трамп: Луѓето во Газа страдаат, му реков на Нетанјаху да биде добар

Скопје1 - 26.04.2025

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека оваа недела му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека мора да биде „добар кон луѓето од опколениот Појас Газа кои страдаат“.

Најмалку 21 лице загинаа при израелски напад врз Појасот Газа

Либертас - 26.04.2025

Најмалку 21 човек загинаа во денешниот израелски напад врз две куќи во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинската болница Насер. Израелската армија сè уште не соопштила дека презела напади врз палестинската енклава.