Секој 11 Октомври во Прилеп има ритуал што се повторува и се менува во исто време: шеталиштето се полни со ученици, ветерани, семејства, и маршот од поранешниот участак повлекува линија до Спомен-паркот на Револуцијата.
Во Музејот на Македонија во Скопје се чува една од посебните реликвии врзани со почеток на на народното востание во 1941 година – оружје на првоборецот Драган Спиркоски – Максо со кое било пукано при нападот на групата храбри 16 прилепски момчиња.
Единаесетти октомври е светол празник во современата македонска историја, ден што е судбински врзан со Прилеп, каде што со партизанските истрели Македонците покажаа дека можат да се борат за своја слобода и држава. И навистина се изборија.