Отворањето на изложбата „Сублимација на светлината и сенката“ на уметничка фотографија на Емилија Трајковска ќе се случи на 14 декември, сабота, со почеток во 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Битола.
Во рамките на проектот Урбана Агенда на МКЦ-Битола ја организира изложбата на уметничка фотографија на Емилија Трајковска. Изложбата ќе биде поставена во сабота 14 декември 2024 година во МКЦ-Битола ул. Цар Самоил 29 Битола со почеток во 19.00 часот.
Во рамки на проектот Урбана Агенда – поддршка на независната културна сцена на МКЦ-Битола, а финансиран од Швајцарската амбасада во Скопје, в сабота ќе биде поставена изложбата на уметничка фотографија на Емилија Трајковска.