Елитната европска кошарка донесе возбудлива ноќ во која го добивме првиот патник на завршниот турнир, додека во другата серија актуелниот шампион беше принуден на уште еден меч во жешкиот Тел Авив.
Олимпијакос доминантно го совлада Монако со 105-82 и обезбеди пласман на Фајнал-фор во Евролигата. Тимот од Пиреја уште од стартот ја наметна својата игра и веќе на полувреме имаше убедливи +21, по што рутински го приведе мечот до крај.
Кошаркарите на Олимпијакос станаа првиот патник на завршниот турнир во Евролига, откако убедливо го совладаа Монако со 105-82 во третиот меч од плејоф серијата. Тимот од Пиреја уште од самиот старт наметна силно темпо и целосно ја презеде контролата ...