Десетици илјади Шпанци, меѓу кои голем број млади, излегоа на улиците барајќи пониски кирии, поголема заштита на станарите и мерки против шпекулациите со недвижности. Само во Мадрид на протестите во саботата учествувале околу 70.000 луѓе, според податоците на шпанската влада.
Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во Мадрид и во други шпански градови барајќи мерки за справување со сè подлабоката станбена криза, откако опозицијата во парламентот ги отфрли владините законски решенија.
Протестите поради кризата со домувањето во Шпанија продолжуваат и денеска. Во Мадрид се одржаа демонстрации, каде што се собраа околу 70.000 луѓе, од кои некои носеа постери со кои се повикуваше на национален штрајк, а во Валенсија избувнаа судири, објави шпанската новинска ...