Капетанот Џон Бросард успеал да го сними моментот кога огромна риба, ревка, еден од најголемите видови коскени риби, здогледала ајкула и ја проголтала. Ајкулата, која била плен на капетанот, била цел на огромно морско суштество кое ретко се гледа.
На социјалните мрежи кружи видео кое го снимил капетанот Џон Бросард и неговиот тим додека ловеле ајкули на брегот на Флорида. Токму кога мислеле дека имаат среќа, нивниот улов бил цел на огромно морско суштество.