Москва не добила објаснување од Вашингтон за тоа што точно значеле зборовите на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на нуклеарните тестови во неговата земја, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
Тој додаде дека на Русија не ѝ е јасно што точно САД планираат да тестираат. Трамп минатата недела изјави дека му наредил на Пентагон да почне со тестирање на американското нуклеарно оружје „на рамноправна основа“ како одговор на нуклеарните проби ...
Соединетите Американски Држави не се подготвени да ги обноват тестирањата на нуклеарно оружје и ризикуваат да ја изгубат предноста во однос на Кина и Русија ако продолжат со плановите на Доналд Трамп, велат експертите.
САД не планираат да вршат нуклеарни експлозии, изјави министерот за енергетика Крис Рајт, смирувајќи ја глобалната загриженост откако Доналд Трамп ја повика војската да продолжи со тестирањето на нуклеарното оружје по 33 години пауза.