На 08.07.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, 54-годишна жена од Скопје пријави дека на 02.07.2026 на подрачјето на Центар била спречена од нејзините родители да го напушти домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Четириесет и двегодишен жител на Куманово е приведен откако неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка, го пријавила за психичко и физичко малтретирање. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.М.
Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие на подрачјето на државата се евидентирани осум случаи на семејно насилство, при што пет лица биле лишени од слобода. Во Куманово бил приведен 42-годишен маж, кој според пријавата психички и физички ја ...