Во доцните попладневни часови се евакуирани десетина туристи од селото Козарице и триесетина мештани. Поради обилните врнежи кои го зголемија водостојот на реката Комарница и ги уништија мостовите, тие од петокот беа отсечени, јавува РТЦГ.
Катастрофално невреме ја погоди општина Шавник во Црна Гора. Југослав Јакиќ, претседателот на општина Шавник, на својот Фејсбук профил објави фотографии и видео со објаснување дека излеаните реки направиле големи штети.
Реката Комарница во Црна Гора во петокот однесе два моста во истоименото село, помошни објекти, го смени текот, поплави езерце, имоти, а околу четириесетина мештани и туристи беа отсечени во горниот дел на селото.