Пејачката Гоца Тржан отворено зборуваше за семејството, мајчинството и своите желби за иднината, откривајќи дека денес најмногу би сакала да ја добие улогата на баба. Во разговор за еден медиум, таа се осврна и на темата за проширување на семејството.
„Знаете како, погребав две пријателки кои беа многу млади. Беа на мои години. Кога ќе сфатиме дека секој ден може да нè снема, навистина не ми е гајле што ќе мисли кој за мене“, вели Гоца Тржан и додава дека ставила крај на битката за потомство.