Популарната пејачка Александра Пријовиќ повторно го сруши Интернетот! За само неколку минути по пуштањето на билетите за нејзиниот новогодишен концерт во Загреб, системот за продажба паднал поради неверојатни 1,6 милиони обиди за купување.
Фановите на пејачката создадоа невидена гужва онлајн – билетите се распродадоа за рекордно кратко време, а цените достигнуваат и до 700 евра. Популарната пејачка Александра Пријовиќ повторно ја потврди својата ѕвездена моќ, нејзиниот концерт во ...
Како што објави дистрибутивниот тим на страницата на која се продаваат билети, за забавата на Прија во Загреб биле забележани дури 1,6 милион обиди да се купи билет, што предизвика вистински дигитален хаос.