Денеска се одржува изборот за нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје, постапка што уште пред формалното гласање е проследена со шпекулации и сомнежи во јавноста дека одлуката е однапред договорена.
Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи својата 36. седница, на која, меѓу другото, е предвидено донесување одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
На утрешната седница на Советот на јавните обвинители, членовите на Советот, треба да изберат шеф на скопското јавно обвинителство, бидејќи му истече мандатот на првиот човек на ова обвинителство, Гаврил Бубевски.