TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под лекарски надзор

Нова ТВ - 21.02.2019

Директорот на болницата „8-ми септември“, Христијан Костов на прес конференција пред болницата рече дека кај Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди. Јанакиески бил примен во болницата околу 16 часот.

Кој дозволи Јанакиевски и Ристовски да бидат претепани? Опозицијата бара одговорност

Алфа - 21.02.2019

Инциденти во затворот во Шутка, поранешните министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, жртви на физички напад во дворот на затворот. По нанасените повреди Јанакиевски беше пренесен во градската општа болница 8 Септември , каде беше ...

(ВИДЕО) Костов: Не се констатирани повреди кај Јанакиески

А1 On - 21.02.2019

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов вечерва потврди дека по сите медицински иследувања што биле направени било констатирано дека поранешниот министер Миле Јанакиески не е повреден во инцидентот во затворот „Скопје“ во Шутка, каде е ...

Миле Јанакиески повторно е вратен во затворот во Шутка

24 Вести - 21.02.2019

По денешниот инцидент во затворот Шуто Оризари и лекарскиот преглед во градската општа болница 8 ми септември Миле Јанакиески повторно е вратен во затворот во Шутка информираше директорот на затворот Ѓоко Котевски.

Јанакиески вратен во притвор

Р.С.Европа - 21.02.2019

Директорот на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски информираше дека Миле Јанакиески е вратен во притвор по лекарскиот преглед во градската болница „8 Септември“. Ппранешните министри Јанакиески и Спиро Ристовски биле физички нападнати, по вербални ...

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Макфакс - 21.02.2019

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Јанакиески вратен во Шутка, Ристовски не го напуштил притворот, двајцата имале лесни повреди

OhridNews - 21.02.2019

Откако во болницата „8 Септември“ му било констатирани лесни повреди здобиени во инцидент во притворот, главно набиеници, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кому синоќа му беше одредена мерка притвор под сомнение за вмешаност во ...

Христијан Костов: Јанакиески нема повреди

Скопје1 - 21.02.2019

Денес во попладневните часови е донесено лице од затворот во Шутка кое било донесено за медицински преглед. По приемот во ургентниот центар дежурната екипа детално извршила преглед, изјави директорот на ГОБ 8 септември, Христијан Костов.

Миле Јанакиески вратен во затворот во Шутка

Фокус - 21.02.2019

Миле Јанакиески вечерва е вратен во истражниот затвор Шуто Оризари, каде е во притвор. Тој претходно беше однесен на преглед во ГОБ „8 Септември“ откако беше нападнат во инцидент во затворот.

Котевски: Јанакиески заврши во ГОБ „8-ми септември“ по инцидентот кој го предизвика во затворот во Шутка

24 Вести - 21.02.2019

Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски физички биле нападнати во затворот во Шутка. Нападот се случил за време на прошетката во дворот на затворот. Наводно ги нападнал член од кумановска група, кој исто така е во „Шутка“.

Проширување на истрагата за 27 април – Јанакиески и Ристовски во притвор

Р.С.Европа - 21.02.2019

Проширувањето на истрагата за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, со која сега се опфатени и Никола Груевски и Трајко Вељаноски, како и одредувањето притвор за осомничените Миле Јанакиски и Спиро Ристовски е главна тема во дневниот ...

Јанакиески вратен во затворот во Шутка

Курир - 21.02.2019

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески вечерва е вратен во Шутка, потврди директорот на затворот, Ѓоко Котевски. Тој повеќе часа беше во ГОБ „8-ми Септември“ откако беше претепан во притворското одделение на ...

Во затворот во Шуто Оризари повредени се екс-министрите Јанакиевски и Ристовски

Телма - 21.02.2019

Двајцата поранешни министри, сега осомничени за организација на „крвавиот четврток“, првиот ден од притворот биле нападнати од притвореници во затворот Шутка. Инцидентот се случил попладнево за време на прошетка во кругот на заворот.

Зошто и како биле натепани Јанакиески и Ристовски, според извори на „Лајм“

CivilMedia - 21.02.2019

Роднините на уапсените од Диво Насеље за дневниот весник „Лајм“ раскажале детали за мотивите и околностите во кои дојде до физичка пресметка меѓу ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски со нив, онака како што им раскажале нивните роднини во ...

Е ова го немаше ни во режимот на Груевски – линч во притвор!

+инфо - 21.02.2019

„Сите ќе ги осудат како муви, никој нема да биде поштеден“, ми вели еден добро информиран пријател. Му верувам. Дури се знае дека лавината на драконски пресуди треба да се стркала во март, во екот на кампањата за претседателските избори.

Котевски: Јанакиески е вратен во притворот во Шутка

Нетпрес - 21.02.2019

Директорот на истражниот затвор во Шутка, Ѓоко Котевски, вечерва потврди дека обвинетиот Миле Јанакиески е вратен во притвор. Јанакиески, по неколкучасовниот престој во ГОБ „8 септември“, во моментов се наоѓа во затворот заедно со неговиот адвокат ...

Најчевска за инцидентот во Шутка: За вакво нешто се прави сериозна истрага и се поднесуваат оставки веднаш

Курир - 21.02.2019

Професорката Мирјана Најчевска по денешиот физички напад во затворот во Шутка, каде повредени беа поранешните министри Јанакиески и Ристовски, порачува дека мора да се поднесат оставки. „За вакво нешто се прави сериозна истрага.

Миле Јанакиески вратен во Шутка

ТВ21 - 21.02.2019

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е вратен во Шутка, потврди вечерва директорот на затворот – Ѓоко Котевски во изјава за медиумите. Котевски рече дека денеска се случени два инциденти, едниот во 13 часот и другиот во 14 часот.

Најчевска за инцидентот во Шутка: Директорот на затворот веднаш треба да поднесе оставка

Република - 21.02.2019

– напиша на својот фејсбук профил Мирјана Најчевска, поранешен претседател на Хелсиншки комитет. Нејзината реакција доаѓа откако денеска во исртажното одделение на затворот Скопје беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски ...

Јанакиески и Ристовски- цел на физички напад во затворот ,,Шутка“

Канал5 - 21.02.2019

Екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски физички нападнати за време на денешната едночасовна пауза за прошетка во затворот Шутка каде се наоѓаат од синоќа во притвор за случајот 27-ми април.

Јанакиески и Ристовски нападнати во „Шутка“ – цело ВМРО-ДПМНЕ пред болницата „8-ми септември“

ТВ21 - 21.02.2019

Екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски физички биле нападнати во затворот во Шутка. Според првичните информации, нападот се случил за време на прошетката во дворот на затворот. Наводно ги нападнал член од кумановска група, кој исто така е ...

Сопругите на нападнатите Јанакиески и Ристески се сериозно загрижени за нивната безбедност во затворот Шутка

Телма - 21.02.2019

Двајцата поранешни министри, сега осомничени за организација на крвавиот четврток, првиот ден од притворот биле нападнати од притвореници во затворот Шутка. Инцидентот се случил попладнево за време на прошетка во кругот на заворот.

„8 септември“ по инцидентот во Шутка: Јанакиевски нема повреди

Нова ТВ - 21.02.2019

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои од вчера се заедно во притвор во Шутка, како осомничени за организатори за нападот во Собранието на 27 април денеска биле физички нападнати во затворот.

Инцидент во затворот Шутка, поранешните министри Јанакиески и Ристовски претепани од притвореник од Диво Насеље

МКД - 21.02.2019

Од вчера притворените поранешни министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, денеска биле повредени во истражниот затвор во Шуто Оризари во Скопје. Неофицијално, двајцата биле нападнати за време на прошетката во дворот на затворот од Лирим Красниќи, ...

Притворените Миле Јанакиески и Спире Ристовски нападнати во затворот Шутка

Сакам да кажам - 21.02.2019

Миле Јанакиески и Спире Ристовски, обвинет за повеќе предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но од синоќа во притвор во Шутка, како осомничени за организција на нападот на Собранието на 27 април 2017, денеска биле физички нападнат во ...

Кои се нарачателите на нападот врз Јанакиески и Ристовски: Молк од институциите

Курир - 21.02.2019

Ниту една од институциите не излезе со официјално образложение за тоа што точно се случило денес во притворското одделение во Шутка. Тоа што е познато е дека се претепани поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои имаат и повреди.

Јанакиески претепан во Шутка, Спиро Ристовски нападнат

Алсат-М - 21.02.2019

Миле Јанакиески, поранешен министер и осомничен дека бил организатор за насилниот 27 април, денеска бил претепан во истражниот затвор Шутка, каде отслужува 30 дневен притвор. Нападнат бил и Спиро Ристовски, кој исто така од синоќа е во притвор во ...

Јанакиески и Спировски нападнати во затворот Шутка!

Фокус - 21.02.2019

Осомничените за организација на настаните од 27 април во Собранието, Миле Јанакиески и Спире Ристовски, денеска биле физички нападнат во затворот, дознава Фокус. Според информациите, тие биле нападнати од притвореник од случајот Диво Насеље, кој во ...

Јанакиески и Ристовски нападнати во затворот во Шутка

Р.С.Европа - 21.02.2019

Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски биле физички нападнати во истражниот затвор во Шутка, потврдуваат за Радио Слободна Европа извори од затворот. Тие од вчера се во триесет дневен притвор по барање на обвинителството во рамките ...

Маја Ристовска: Надлежните да го заштитат животот на Спиро

Република - 21.02.2019

Сопругата на Спиро Ристовски, Маја Ристовска не знае каде е во моментот нејзиниот сопруг, поранешниот министер, Спиро Ристовски. Вели последните непотврдени информации кои ги добила е дека тој е во стационарот во затворот Скопје, но добила и ...

Дали власта го нарача денешното претепување на Јанакиески и Ристовски?!

Република - 21.02.2019

Како денеска дојде до насилство во притворското одделение во затворот Скопје или познат како Шутка? Кој дозволи луѓе од кумановската група од случајот Диво Насеље да има контакт со притвореници кои биле министри во времето кога тие беа приведени за ...

Спиро Ристовски нападнат во Шутка?

Алсат-М - 21.02.2019

Поранешниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, кој од синоќа е во притвор денеска бил нападнат во истражниот затвор, Шутка, дознава Алсат од извори во затворот. Неофицијално, нападот се случил во дворот додека притворениците ...

„Алмакос“: Ристовски е натепан зашто не давал пари за училиштата со настава на албански јазик

Нетпрес - 21.02.2019

Членовите на семејствата на Кумановската група, во изјава за весникот „Лајм“, дале објаснување во врска со инцидентот што се случи денеска во затворот Шутка, каде претепани беа поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, пишува „Алмакос“ ...

Мицкоски: Крвави ти се рацете Заев, денес се Миле и Спиро, утре може да биде било кој

еМагазин - 21.02.2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на Твитер, во врска со нападот на поранешните министри од партијата, Миле Јанакиески и Спиро Ристоски во затворот во Шутка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ГОБ „8-ми Септември“: Кај Миле Јанакиески не се ...

Се огласи сопругата на Миле Јанакиески по инцидентот во Шутка

Курир - 21.02.2019

Сопругата на поранешниот министер Миле Јанакиески кој синоќа беше приведен, денеска бил нападнат во затворот во Шутка, се огласи по инцидентот. -Адвокатите ме известија дека дознале оти настанала некаква тепачка започната од некој од членовите на ...

Јанакиески и Ристоски нападнати во затворот Шутка

еМагазин - 21.02.2019

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот министер за образование, Спиро Ристоски , денеска биле нападнати во затворот во Шутка. Медиумите јавуваат дека Јанакиески е префрлен во болницата ГОБ „8 Септември“.

Маја Ристовска за Алфа: Надлежните да го заштитат животот на Спиро

Алфа - 21.02.2019

Се плашам да им кажам на децата каде е татко им и што се случува со него. Сопругата на Спиро Ристовски во изјава за Алфа бара од надлежните институции да реагираат да го заштитат живото на јхнејзиниот сопруг.

Сопругата на Миле Јанакиески потврди дека бил претепан во затворот во Шутка: Спиро скокнал да го брани Миле

Република - 21.02.2019

Сања Јанакиеска, сопругата на ексминистерот Миле Јанакиески, во зијава за Сител потврдува дека Јанакиески бил претепан во затворот во Шутка. Адвокатите ме известија дека дозначе дека настанала тепачка со некој од членовите Диво Насеље, во која се ...

Јанакиески претепан во Шутка и со повреди префрлен во болница – нападнат и Спиро Ристовски

Алфа - 21.02.2019

Во Затворот во Шутка е претепан поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој од синоќа е на издржување на мерката притвор. И поранешниот министер Спиро Ристовски бил жртва во истиот напад.

Истепани Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во затворот во Шуто Оризари

Макфакс - 21.02.2019

Двајцата осомничени за организација на настаните од 27 април, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои вчера им беше одреден 30-дневен притвор, биле истепани во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, потврдуваат нивни блиски за „Макфакс“.

Јанакиевски во првото деноноќие претепан – Се подготвуваше ли навистина ликвидација на екс премиерот Груевски?

Скопје1 - 21.02.2019

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои од вчера се во затворот во Шутка, а на кои им беше одреден 30дневен притвор за организација на 27 април, денеска биле нападнати од еден од членовите на кумановската група, кој е осуден за нападот во ...

Основен суд Скопје 1: Знаеме дека имало физички напад во затвор, на терен судија ќе излезе утре

Курир - 21.02.2019

По информациите кои излегоа во јавноста дека Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се претепани во затвор, КУРИР побара одговори од сите надлежни. Од Основниот суд Скопје 1 за КУРИР потврдуваат дека се случил настанот, но детали не соопштуваат.

Претепаниот Јанакиески ќе биде хоспитализиран, а Ристовски поминал со помалку сериозни повреди

Нетпрес - 21.02.2019

Пукната аркада, но и голем број други модринки по лицето и главата е епилогот од физичкиот напад врз поранешниот министер Спиро Ристовски, во истражниот затвор во Шутка, дознава Нетпрес. Поранешниот министер бил претепан околу 12 часот, за време на ...

Терорист од Диво насеље ги претепал Јанакиески и Ристовски во Шутка

Република - 21.02.2019

Двајцата екс-министри кои бие приведени синоќа, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски денеска биле нападнати во затворот Шутка. Јанакиески се здобил со скршеница на раката, додека Ристовски завршил со пукната аркада.

Во Шутка нападнати Ристовски и Јанакиески, на Миле му ја скршиле раката

+инфо - 21.02.2019

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои од вчера се во затворот во Шутка, а на кои им беше одреден 30дневен притвор за организација на 27 април, денеска биле нападнати од еден од членовите на кумановската група, кој е осуден за нападот во ...

Ристовски и Јанакиески нападнати во Шутка

Независен - 21.02.2019

Член на кумановската група осуден за нападот во кумановското „Диво насеље“ ги нападнал поранешните министри, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски на кои вчера им беше одреден триесет и дневен притвор за организација на крвавиот четврток и двајцата беа ...

Спиро со расечена аркада, Миле со скршеница на раката

Курир - 21.02.2019

Миле Јанакиески со скршеница на раката е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, додека Спиро Ристески добил медицинска помош по расечената аркада во стационарот во затворот, дознава ТВ21. На двајцата екс министри синоќа им беше определен притвор за ...

Јанакиевски и Ристовски претепани во затворот Шутка

CivilMedia - 21.02.2019

Поранешните министри за транспорт и врски и за образование и наука, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, биле претепани во истражниот затвор во Шуто Оризари во Скопје каде од вчера се на 30 дневен притвор.

Не наседнувајте на лажни вести: Не е точна веста дека Јанакиевски има скршеници

Centar - 21.02.2019

По информацијата дека во Шутка биле нападнати Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, се очекуваат официјални информации а во јавноста веќе на големо се шират шпекулации и лажни вести. Од извори на Centar.mk дознаваме дека не е точна веста дека ...