Над 6 000 луѓе излегоа на протести во главниот град на Ерменија , Ереван против самоволието на претседателот. Граѓаните протестираат против поранешниот претседател Серж Сарксјан , кој се обидува да стане премиер.
Ерменските пратеници го номинираа Серж Саркисјан за премиер на земјата и покрај протестите на опозицијата против неговото назначување. Парламентот треба утре да гласа за назначувањето на Саркисјан на функцијата.
Опозициски активисти блокираа неколку патишта во главниот град на Ерменија, Ереван во знак на протест против поставувањето на поранешниот претседател Серж Саркисјан на премиерската функција.