На вчерашниот 26. по ред „Марш за ангелите“, родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани најавија секојдневни мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мост на улицата „Стево Теодосиевски“ во градот, кои ќе почнат ...
Ве известуваме дека во сабота, 11 октомври 2025 година, со почеток во 16:05 часот, ќе се одржи 26-тиот „Марш на ангелите“ – мирен марш посветен на нашите 62 ангели, чиј живот беше насилно прекинат на 16 март 2025 година.