Македонската машка одбојкарска репрезентација од 9 септември ќе игра на 34. Европско првенство (ЕП), а се наоѓа во групата Б, во Софија (Бугарија), заедно со домаќинот Бугарија, потоа со Полска, Украина, Португалија и со Израел.
Дури шестмина репрезентативци кои се во актуелниот состав на машката одбојкарска сениорска репрезентација и се подготвуваат за ново учество на еден континентален собир, Евроволеј 2026 имаат настапувано и на претходните три европски првенства на кои играше Македонија.