Министерството за внатрешни работи спроведува обемна потрага по исчезнатата 43-годишна Лидија Трајковска. Во потрагата се користат и дронови за пошироко покривање на теренот долж реката Вардар.
Четири дена се трага по исчезнатата Лидија Трајковска од скопско Јурумлери. Семејството уверува дека таа немала никакви проблеми. Потрагата по неа започна во петокот а во неа се користат и беспилотни летала.
Излегоа од дома и никогаш не се вратија. Од 13 исчезнати во последниве четири години, шестмина од нив самоволно го напуштиле домот без да понесат документи и новчаник, а полицијата нема никакви информации што се случило со нив.
Семејството претходно соопшти дека Лидија излегла од дома и отишла на автобуска станица. Нема телефон, ниту документи со неа. Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска, која трет ден е исчезната.