Се наоѓаме во делот од годината кој е обележан со слоевито облекување. Температурите се движат од неколку степени до повеќе од 20 степени. Излегуваме облечени во јакни и мантили, се враќаме дома носејќи ги преку раце.
Додека нијансите на расипана вишна се секако симбол на есента, оваа година се чини дека тоа е подигнато на ново ниво. Од модните брендови кои нудат облека, обувки и модни додатоци во нијанси на бордо – оваа боја ќе ја видите насекаде.
Додека сè уште со полно право уживате во лелеавите летни фустани, сакавме да погледнеме во иднината и да видиме што ни подготвува новата сезона. Ви пренесуваме пресек на некои од најголемите трендови за есен 2024 година, а на вас е да ги усвоите или ...