TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Втора жртва на коронавирусот во Италија

А1 On - 22.02.2020

Во Италија почина уште едно лице заразено од коронавирусот, соопштија здравствените власти. Втората жртва на ковид-19 во таа земја е жителка на регионот Ломбардија. Првиот починат од коронавирусот беше 77-годишен маж од Падова во регионот Венето.

Прв смртен случај од корона-вирус во Италија

Deutsche Welle - 22.02.2020

Постар маж на северот на Италија почина од инфекција со корона-вирусот. Тоа е прв смртен случај на еден Европеец во ЕУ. Станува збор за 78-годишен Италијанец, соопшто италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

Шокантни најави од Турција: Тврдат дека Љаиќ има коронавирус, Бешикташ се огласи со официјално соопштение

Дерби - 22.02.2020

Во турските медиуми излегоа шокантни информации кои го поврзаа фудбалерот на Бешикташ, Адем Љаиќ со смртоносната болест, коронавирус. Наводно српскиот репрезентативец бил ставен во карантин и поради висока температура не можел ни да стане од кревет.

Две жртви од коронавирусот во Италија, бројот на заразени порасна на 29

360 степени - 22.02.2020

Во Италија се регистрирани два смртни случаи како последица на коронавирусот. Првата жртва е маж на 78-годишна возраст, кој починал во болница во Падова, каде бил хоспитализиран со уште едно лице позитивно на коронавирус, јавува италијанската ...

Две жртви на коронавирусот во Италија , за неколку часа бројот на заразени достигна 29

Канал5 - 22.02.2020

Од последиците на коронавирусот во Италија, почина уште еден заразен. Според италијанските медиуми, станува збор за жена. Првата жртва беше 78-годишниот Адриано Тревизан. Тој бил примен во болницата заедно со друго лице кое сè уште е стабилно.

Прва жртва на коронавирусот во Италија

Р.С.Европа - 22.02.2020

78-годишен Италијанец почина од коронавирусот, со што стана прва жртва во Европа на смртоносната болеста од која загинаа над 2.300 луѓе во Кина. Италијанскиот министер за здравство рече дека човекот од регионот Венето, кој бил позитивен на тестот за ...

Италијанец почина од коронавируот, во северна Италија се затвораат училишта и јавни згради

Сакам да кажам - 22.02.2020

Италијанец заразен со коронавирусот почина вчера во Падова, станувајќи прва европска жртва на смртоносниот вирус кој од Кина се прошири низ светот. Седумдесет и осумгодишниот маж починал во болница во Падова, каде што бил примен пред десет дена, ...

За 24 часа, двајца починати од коронавирус во Италија

Макфакс - 22.02.2020

Во Италија почина уште едно лице како последица од коронавирусот, јави агенцијата „Аnса“. Тоа е втора жртва на вирусот во Италија за 24 часа. Втората жртва е жителка на регионот Ломбардија.

Две лица починаа од коронавирус во Италија, 29 заразени

ТВ21 - 22.02.2020

Од коронавирус почина уште едно лице во Италија, јавуваат тамошните медииуми. Потсетуваме дека првата жртва беше 78-годишниот Адриано Тревисан. Тој беше примен во болница заедно со уште едно лице кое се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Макфакс - 22.02.2020

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во Италија, но и во Европа. Во северниот регион Ломбардија се регистрирани 15 заразени со коронавирус, а два случаи има во Венето, ...

Паника во Италија : За еден ден во мало гратче 14 заразени од коронавирус , еден починат

Канал5 - 22.02.2020

Стотици луѓе се тестираат, а неколку градови во северна Италија наредија затворање на сите јавни собири, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот од кој што се заразија 14 лица на северот на земјата.

Бројот на заразени со коронавирус опаѓа во Кина , се зголемува во другите држави

Канал5 - 22.02.2020

Кина објави драстичен пад на бројот на нови смртни случаи и нови пациенти со коронавирус, додека епидемијата се шири во други земји како Јужна Кореја, Иран и Италија. Централната банка на Кина предвидува ограничено краткорочно економско влијание од ...

Ирански градоначалник заразен со коронавирус

Локално - 22.02.2020

Досега, четири лица починале во Иран од вирусот Ковид-19. Ирански функционер од Техеран е заразен со коронавирус, објави денес државната телевизија. Во извештајот се вели дека Мортеза Рахманзадех, градоначалникот на 13-та област во Техеран, која ...

Кина: Опаѓа бројот на заразени, досега починаа 2.345 лица

Локално - 22.02.2020

Во Кина досега заболеле 76.228 лица со коронавирус, додека 2.345 починале, соопштија здравствените власти. Потврдени се 397 нови случаи, што е значително помалку од претходниот ден, кога имаше 889 лица, пренесува Ројтерс.

КОРОНА ВИРУСОТ УДРИ И ПО ВЛАСТА: Градоначалникот на Техеран заврши во болница поради смртоносниот вирус!

Магазин - 22.02.2020

Ирански функционер од Техеран е заразен со коронавирус, објави денес државната телевизија. Во извештајот се вели дека Мортеза Рахманзаде, градоначалникот на 13 области во Техеран, бил хоспитализиран вчера заради симптоми на коронавирус.

Кина: Се намалува бројот на заразени од коронавирус

А1 On - 22.02.2020

Во Кина од коронавирус досега се заболени 76.288 лица, додека 2.345 починаа, соопштија локалните здравствени власти. Потврдени се 397 нови случаи, што е значително помалку отколку 889 колку што беа вчера.

Прва жртва од коронавирус во Европа, почина Италијанец

Expres - 22.02.2020

Неколку градови во северна Италија забранија јавни собири, стотици луѓе се тестираат и се во обид да се спречи ширењето на коронавирусот од кој што се заразија 14 лица на северот на земјата.

Прва жртва на коронавирус во Италија

Опсервер - 22.02.2020

– Пациент заразен од коронавирусот во италијанскиот град Падова почина, со што стана прва жртва на ковид-19 во Италија. Како што објавија италијанските медиуми, претходно е соопштено дека вчера биле регистрирани вкупно 15 случаи на заразени од ...

Љајиќ во карантин поради страв од коронавирус

Екипа - 21.02.2020

Репрезентативецот на Србија и член на турскиот Бешикташ, Адем Љајиќ е префрлен во карантин поради сомнеж дека е заразен со коронавирус. Љајиќ е одвоен од остатокот од тимот поради висока температура.

Бројот на заболени во Италија се зголеми за четири пати - затворени јавни места во неколку населени места

Press24 - 21.02.2020

Бројот на забелени од новиот коронавирус во Италија порасна за четири пати, и сега изнесува 17, соопштија вечерва претставниците на италијанското здравство. Поради ширењето на новиот вирус властите се принудени да ги затворат училиштата, рестораните ...

Поради коронавирусот откажан тениски турнир во Кина

Екипа - 21.02.2020

Тенискиот турнир во кинескиот град Шиан е откажан поради епидемијата од корона вирус, известија од ВТА. Турнирот требаше да се игра во средината на април, но поради епидемијата која ја зафати Кина тој нема да се одигра.

Бременост и коронавирус: Еве што прави вирусот во вашето тело

Слободен Печат - 21.02.2020

Моменталната стапка на смртност на коронавирус е една петтина помалку од вирусот САРС, но се шири побрзо од него. Коронавирусот е толку генетски сличен на САРС, што некои го нарекуваат и негов наследник, пишува „Нешнл Географик“.

Љајиќ е изолиран во карантин – Се стравува од коронавирус, Бешикташ демантира

Спортманија - 21.02.2020

Српскитот репрезентативец има висока температура и веднаш е хоспитализиран во карантин Еден од најдобрите играчи на турскито гигант Бешикташ, Адем Љајиќ е хоспитализиран со висока температура и се наоѓа во карантин, а се стравува дека има ...

Пекинг: Најрано вакцина против Ковид-19 во крајот на април

24 Вести - 21.02.2020

Вакцина против новиот коронавирус, од кој досега животот го загубија повеќе од 2.000 луѓе само во Кина, најрано ќе биде доставена за клинички испитувања кон крајот на април, изјави денеска заменик министерот на Кина за наука и технологија Су Нанпинг.

Кинеските работници од „Синохридро“ се враќаат во Македонија – засилен здравствен надзор

24 Вести - 21.02.2020

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во Македонија, немаат симптоми на коронавирусот - тврдат од македонскиот институт за јавно здравје.

Вредноста на американскиот долар нагло порасна поради коронавирусот

А1 On - 21.02.2020

Вредноста на американскиот долар се вивна максимално како последица на коронавирусот Ковид-19, јавуваат американските медиуми. Индексот на доларот на лондонската берза синоќа достигна 99.63 прооцетни поени, или највисок показател во изминатите три ...

Коронавирусот може да биде причина поради која Кина нема да игра фудбал на ЛОИ во Токио

Спортманија - 21.02.2020

Нема шега со смртоносната болест Азиската фудбалска конфедерација одлучи Кина да не биде домаќин на возвратниот меч против Јужна Кореја, во квалификациите за пласман на Летните олимписки игри во Токио кои ќе се играат летово.

Потврден прв случај на коронавирус во Либан

А1 On - 21.02.2020

Првиот случај на коронавирус во Либан беше потврден денеска, откако беше утврдено дека жена која пристигнала од Иран е позитивна на тој вирусот, изјави извор во болницата во Бејрут, каде што жената била ставена во карантин.

Црногорец, член на екипажот на крузерот, заразен со Ковид-19

+инфо - 21.02.2020

Последните патници од крузерот „Дајмонд Принцес“, чии наоди на тестовите биле негативни, денеска го напуштаат тој брод, откако беше прогласен крај на карантинот воведен на 3 февруари. Црногорски државјанин, член на екипажот на „Дајмонд принцес“ ...

Епидемијата на коронавирусот има позитивен ефект врз животната средина

МКД - 21.02.2020

Додека Кина се бори со една од најсериозните вирусни епидемии на овој век, влијанието врз енергетската побарувачка и емисиите на земјата допрва почнува да се чувствува. Епидемијата на новиот коронавирус, која ја парализира кинеската економија, игра ...

ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ: Затворени јавни места во 10 италијански града

MTM - 21.02.2020

Десет градови во северна Италија - девет во регионот на Ломбардија и еден во Венето денеска затворија барови, училишта, градинки, спортски објекти, продавници и други јавни места. Ова е поради сомневањата за 16 заразени со новиот коронавирус, ...

Дво неделен карантин за кинеските работници кои се вратија во Македонија

Сител - 21.02.2020

Во барака во кичевското село Извор две недели во карантин ќе поминат двајцата инженери од Кина кои работат на автопатот Кичево- Охрид. Иако по пристигнувањето на аеродромот во Скопје првичните анализи покажале дека се негативни на коронавирус и ...

Потврден прв случај на коронавирус во Израел

Канал5 - 21.02.2020

Оден од патниците кој во Израел стигнал од патничкиот број „Дајмонд принцес“ има коронавирус, соопштија денес израелските власти. Тоа е прв случај на коронавирус во Израел. Медицинскиот центар Шеба наведува дека тоа лице се лечи во карантин.

Детските играчки немаат корона вирус

Вечер Прес - 21.02.2020

На пазарот во Македонија се продаваат само оние кинески играчки кои се увезени пред да се појави корона вирусот, односно пред декември. Од декември наваму во нашата земја нема увоз на кинески играчки.

Уште еден лекар починал од коронавирус во Вухан

MTM - 21.02.2020

29-годишен лекар починал од коронавирус во Вухан, кинескиот град што ја започна епидемијата, објавија медиумите. Вчера почина Пенг Инхуа. Работел во една од болниците во градот. Лекарот планирал да се омени за време на новогодишниот празник Лунар, ...

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Млад лекар почина од коронавирус

Фактор - 21.02.2020

29 годишниот лекар Пенг Јинхуа од градот Вухан вчера почина од последиците на коронавирусот. Лекарот се заразил грижејќи се за пациентите. Пенг планирал свадба пред неколку недели, но ја одложил за да пружи помош на заболените.

Со ширењето на Ковид-19 во Јужна Кореја, се развива и страшен верски култ

Курир - 21.02.2020

Епидемијата на коронавирусот во Јужна Кореја доведе до формирање на мистериозен култ за Судниот ден. Бројот на заболени во земјата се зголеми на 104 лица, од кои едно почина. Се смета дека две лица заразиле голем број луѓе, од кои едното припаѓа на ...

Коронавирусот се прошири во Иран, починати уште две лица

Локално - 21.02.2020

Коронавирусот се прошири во неколку ирански градови, изјави во петокот претставник на Министерството за здравство, бидејќи уште двајца заразени починале во центарот на епидемијата во светиот град Ком.

Еден од патниците на „Дајмонд принцес“ кој пристигна во Израел има коронавирус

Слободен Печат - 21.02.2020

Еден од патниците кој во Израел пристигна од крузерот „Дајмонд принцес“ има коронавирус, соопштија денес израелските власти. Ова е прв случај на вирусот во Израел. Медицинскиот центар Шеба наведе дека заболениот човек се лекува и е во карантин.

Црногорец заразен со коронавирус: Бил член на екипажот на крузерот кој беше во карантин во Јапонија

Точка - 21.02.2020

Црногорски државјанин, член на екипажот на крузерот „Diamond princess“, е заразен со коронавирус, покажале тестовите. Тој денеска нема да може да биде пренесен со италијанскиот специјален лет со кој во 14 часот бил евакуиран српски државјанин - член ...

Македонскиот државјанин хоспитализиран со коронавирус во Јокохама е во добра здравствена состојба

А1 On - 21.02.2020

Нашиот државјанин, кој е хоспитализиран откако се зарази со коронавирус на крузерот во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, е во добра здравствена состојба. По тринеделниот третман тој ќе биде пуштен, истакна денеска епидемиологот Жарко ...

Ја одложи свадбата за да се грижи за заболените: Лекар од Вухан е еден од најмладите кој почина од коронавирусот

Слободен Печат - 21.02.2020

„Не стигна ниту да испрати покани за својата свадба“, рекоа неговите пријатели. Пенг Јинхуа (29), лекар од Вухан вчера почина од последиците на коронавирусот. Тој е најмладата жртва на смртоносниот вирус кој досега однесе повеќе од 2.200 животи и ...

Корона вирусот допрва ќе коси

Република - 21.02.2020

Се уште не е дојден пресвртот во епидемијата со коронавирусот во Кина и ситуацијата во провинцијата Јубеи и натаму останува тешка и сложена, соопшти денеска Политбирото на кинеската Комунистичка партија, со кое претседаваше кинескиот претседател Си ...

Потврдено: Четврт случај на коронавирус во Италија

Локално - 21.02.2020

Италијански државјанин е позитивен на новиот вирус корона, откако се сретнал со еден пријател, кој неодамна се врати од Кина, соопшти во петокот владата на северниот регион, Ломбардија. Ова е прв случај на локално ширење на смртоносното заболување ...

Ја одложи венчавката и медениот месец за да ги лечи луѓето, а потоа почина од коронавирус

Република - 21.02.2020

Од почетокот на борбата со коронавирусот, во Кина посебно се чувствителни на трагичните вести за судбините на лекарите кои се заразени за време на лекувањето на големиот број заболени. Веста дека почина 29-годишниот Пенг Јинху, кој се бореше со ...

Кинези ангажирани на автопатот Кичево-Охрид превентивно во карантин поради коронавирусот

360 степени - 21.02.2020

Двајца кинески инженери кои се ангажирани да работат на изградбата на автопатот Кичево-Охрид синоќа пристигнаа во земјава, а поради заштита од коронавирусот се ставени во двенеделен карантин.

Најраната вакцина против коронавирусот на испитувања кон крајот на април

МКД - 21.02.2020

Најраната вакцина против коронавирусот, кој само во Кина уби повеќе од 2.000 луѓе, ќе биде доставена на клинички испитувања кон крајот на април, изјави кинескиот потпретседател за наука и технологија, Џу Нанпинг.

Коронавирусот ѝ се нафрли на таинствената секта Шинчеонџи

Н.Македонија - 21.02.2020

Јужна Кореја пријави 48 нови случаи на заразени со коронавирус, повеќето од нив поврзани со сектата Црквата Шинчеонџи, што е значително зголемување на бројот на случаи, по кое се зголемува стравот од брзото ширење на епидемијата.

Двајца работници од Кина две недели во карантин во Кичево

Алсат-М - 21.02.2020

Двајца Кинези коишто работат во земјава пристигнаа Македонија. Првите тестови покажаа дека немаат коронавирус, но ќе бидат изолирани две недели во Кичево. Пред пристигнувањето во Македонија, тие 15 дена биле во своите домови, лоцирани на 1.000 км од ...

Обвиненија за 290 Кинези, ширеле Корона

+инфо - 21.02.2020

Судските органи во Кина покренаа обвиненија против 290 лица за случаи поврзани со превенција и контрола на коронавирусот, соопшти Врховното јавно обвинителство на Кина. До вторникот обвинителите истражувале 2.692 криминални дела, за кои се ...