Платформата „Студентарија“ очекува Министерството за образование да ги прифати нивните барања – студентите да добиваат надоместок за оброк од 200 денари, да им биде платен дел од меѓуградскиот превоз и да имаат подобри услови во студентските домови.
Студентите бараат субвенционираниот оброк да порасне од 140 на 200 денари. Министерката за образование Весна Јаневска вели дека според сегашната пресметка, износот може да се зголеми за околу седум денари, односно до 147 денари.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во синоќешното гостување во емисијата „Вин Вин“ на Телма ТВ сподели дека Министерството размислува за промена на методологијата за студентскиот оброк. Според неа, пресметката за студентскиот оброк сега кажува дека според ...