Коалиција на лидери од индустријализирани држави и од земји загрозени од климатските промени повикаа да се вложува значително повеќе во заштитата на климата за време на Конференцијата за климатски промени ЦОП29 во Баку. „Потребни се трилиони долари.
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година за да се изборат со последиците од климатските промени, покажува студијата објавена денеска од група водечки економисти од организацијата IHLEG.