На интернет стана вирално видео од Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи на Србија, како пее за време на ручек во Палатата Србија, на кој присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Песната „Осман ага“ прв ја испеа и прослави Муарем Сербезовски. Имено, Дачиќ за претседателот на Турција ја отпеа песната „Осман ага“, која Ердоган веќе ја слушна во 2017 година, објави срспки Телеграф.
Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, повторно го пречека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со песната „Осман ага“, што му ја пееше и пред неколку години. На настанот, кој привлече внимание на социјалните мрежи, Дачиќ се пошегува ...