Десет години по катастрофалните поплави во Стајковци, С. Македонија има подобри радари и системи за предупредување, но и натаму се соочува со недостиг на кадар, нечисти канали и слаба превенција. Десет години по катастрофалните во кои животот го загубија 22 лица, останува болно ...
Речиси нема знаци во Синѓелиќ, Ченто, Стајковци, Арачиново и околината дека пред десет години, вечерта на 6 август 2016 година, беа погодени од најтешката поплава што се памети во земјава, која однесе 22 животи и предизвика штета од над 30 милиони евра.
Малку се и знаците дека ситуацијата е значително подобрена и дека денес овие места би поминале полесно ако се повтори нешто слично на „илјадагодишото невреме“ што ја погоди Скопската Котлина. Голите падини на Скопска Црна Гора, низ кои тргнаа огромни наноси кал кон куќите, не се ...