На 01.09.2026 во 18:30 часот во близина на хотел на струшкото крајбрежје, полициски службеници од мобилниот тим при Регионален центар за гранични работи Запад ги приведоа лице на (21) и (19), двајцата од Струга. При преглед кај нив пронајдена е марихуана и остар предмет.
Вчера во 15:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода 28-годишниот Х.А. од Радовиш, 22-годишниот Д.П. д село Злеово, радовишко и 26-годишниот Ј.П. од село Подареш, радовишко.
Полицијата рано утринава приведе 34-годишен жител на скопското село Инџиково, при акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога. Од СВР Скопје информираат дека Р.С. бил лишен од слобода на 1 септември, пет минути по полноќ.