Коалицијата Vlen (Вреди), која досега функционираше како сојуз на повеќе политички субјекти од албанскиот блок и е дел од владејачкото мнозинство, денеска влегува во нова фаза: обединување во еден политички субјект.
Зад нас е долго и тешко поглавје, со институции оптоварени со скандали, со канцеларии каде што се играше фудбал и со наместени политички случаи, каде што правдата се користеше како оружје за пресметка и замолчување на противникот.
Утре, 9 мај, не е обичен ден за политичката сцена на Албанците во Северна Македонија. Утре е моментот кога една идеја, која беше доведена во прашање, еден пат кој беше оспоруван и едно обединување кое беше поттикнувано од многумина, добива своја ...
ВРЕДИ утре, на 9 Мај – Денот на Европа, ќе одржи конгрес на обединување, на кој пет политички субјекти формално треба да донесат одлука да настапуваат како единствен политички субјект во рамките на албанскиот политички блок во државата.