Motorola најпрво го лансираше Plus моделот на One Fusion смартфонот, за сега да ја лансира „Lite“ верзијата која иако ја нема таа додавка во името доаѓа со нешто пониска цена и за нијанса променети компоненти во однос на помоќниот и поскап модел.
Откако претходно во текот на јуни беше претставен One Fusion+ телефонот, Motorola сега го објави стандардниот One Fusion модел. Во споредба со Plus моделот, Motorola One Fusion стигнува со неколку послаби карактеристики, но по атрактивна цена.