На 43. протестен „Марш за ангелите“ што денеска за прв пат се одржа во Виница родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ рекоа дека институциите и понатаму ја туркаат приказната дека „клучна причина“ за смртта на 63-те жртви е јаглерод ...
Институциите ја туркаат приказната оти клучна причина за смртта е јаглерод моноксидот, наспроти фактот дека кај една третина од жртвите е утврдено присуство на водороден цијанид над граничните вредности, порачаа родителите на настраданите во „Пулс“ ...
Денеска попладне и Виница ќе се придружи на „Маршот на ангелите“ кој е посветен на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во пожарот во дивата дискотека загинаа 63 претежно млади, а повредени беа над 200 лица.