Најмалку две лица се повредени во украинскиот град Суми откако Русија изврши „четири напади со наведувани воздушни бомби“ врз градот, објавија украинските медиуми. Тие го цитираа началникот на воената администрација на регионот Суми, Олег Григоров.
Најмалку 22 лица се повредени во руски воздушен напад со две наведувани авиобомби врз центарот на Краматорск, соопшти началникот на воената администрација на Доњецката област, Вадим Филашкин, пренесува „Киев пост“.
Најмалку три лица, меѓу кои две деца, загинаа синоќа во руски напад со наведувани бомби врз регионот Суми во североисточна Украина, соопшти шефот на регионалната воена управа на Суми, Олег Григоров. Тој рече дека девојките кои загинале биле на пет и 10 години, пренесе Укринформ.