Храната и водата се прашање на национална сигурност. Држава што не може да обезбеди доволно сопствена храна станува економски поранлива и директно зависна од цените, флуктуациите и кризите на меѓународните пазари.
Македонија мора да произведува повеќе домашна храна и постепено да ја намалува зависноста од увоз, а земјоделската политика повеќе нема да се мери според исплатените субвенции, туку според количината на произведена храна.
Имаме класична злоупотреба на субвенциите. Педесетина апликанти претежно од Прилепскиот регион и Кривогаштани на два или 2,5 декари пријавиле производство од 10 и 11 тони тутун. Тоа е невозможно. И кај овците и кај кравите, што се случува? Имаме класична злоупотреба на ушните ...
Се знае колку млеко може да даде една крава и колку тутун може да се роди на еден декар земја, вели министерот за земјоделство Борче Серафимовски, кој нагласува дека субвенциите не се социјална давачка. Невозможни количества на тутун, нереални количества млеко, изнајмување ...