Според Си-ен-ен, Бенјамин Нетанјаху се обидува да дознае кои опции се на маса во американско-иранските преговори. Израел истовремено предупредува дека е против евентуално олеснување на санкциите кон Техеран.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху разговара со претставници на американската администрација за да има подобар увид во најновите случувања во преговорите помеѓу САД и Иран, јави Си-ен-ен повикувајќи се на неименувани извори.
Тел Авив бара од САД продолжување на нападите врз Иран преку „ограничени удари“, додека претседателот на САД Доналд Трамп се двоуми поради страв од реакција на јавноста и проширување на конфликтот, наведува CNN.