Вчера конечно ја затворивме дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владата на ДУИ, која со години го труеше воздухот и здравјето на жителите на Липково и Арачиново, информираат од „Вреди“.
Коалицијата ВЛЕН соопшти дека вчера ја затворила дивата депонија во Никуштак, која долго време била „срамно наследство“ од власта на ДУИ. Според ВЛЕН, депонијата ја труела животната средина и здравјето на жителите од Липково и Арачиново.
Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.