Екипата на РК Вардар продолжи со сигурните настапи во Куп на Македонија во ракомет и обезбеди пласман на завршниот турнир, откако во финалето од групата А го совлада РК Пелистер 2 со 27:22.
Актуелниот бранител на Купот на Македонија, екипата на Вардар, за шест часа ги одигра и двата натпревари од групната фаза во Купот и со две победи успеа да го потврди својот настап на Ф4 турнирот.
Еурофарм Пелистер – Прилеп 30:28 (14:14) Попладнево во Битола екипата на Еурофарм Пелистер обезбеди учество завршницата “Ф4“ од ракометниот Куп на Македонија. Шампионот ја победи екипата на Прилеп, во финалето од четвртфиналниот турнир, со резултат ...
Екипата на Еурофарм Пелистер избори пласман во полуфиналето на Купот откако попладнево во Битола го совлада Прилеп со 30:28. Ова беше трет натпревар за битолчани во три дена и по нерешениот дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите остварија две победи ...